Абецеда на пролетната исхрана

Пролетта и честите промени на времето може да предизвикаат физички и психички стрес. Обрнете внимание на петте енергетски супстанци кои ги препорачуваат познати нутриционисти.

Многу е важно на својот организам да му обезбедите енергија која ќе го разбуди. Затоа, на трпезата секојдневно треба да се имаат намирници кои во себе содржат магнезиум, јод, железо, ниацин и тиамин.

abeceda-na-proletnata-ishrana

Грашок
На срцевите мускулни влакна потребен им е магнезиум за да може да се собираат. Магнезиум има во сусамот, грашокот, овошјето со семки, семките на тиквата.

Месо
Железото е многу важно кога станува збор за енергијата која му е потребна на органзимот. Го има во црвеното месо, колбасите, интегралниот леб, овошјето со коски.

Морска риба
Морската риба е богата со јод, елемент кој е важен кога станува збор за вишокот на килограми. Два пати неделно јадете морска риба, а млечните производи јадете ги секојдневно.

Спанаќ
Спанаќот, како и другиот зелен лиснат зеленчук, е богат со ниацин. Овој витамин е важна храна за мозокот. Го има во пилешкото месо, квасецот, внатрешните органи.

Грав
Гравот, како и грашокот и свинското месо, е богат со тиамин, витамин кој е неопходен за нервниот систем. Значи, ако сте нервозни, јадете намирници богати со овој витамин.

Би можело да ве интересира:

8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg