Сочувајте ја младоста со правилна исхрана

Иако стареењето е нешто што не можеме да го избегнеме, сепак постои начин како да го забавиме овој процес со помош на правилна исхрана која ни помага да си ја сочуваме енергијата и издржливоста.

sochuvajte-ja-mladosta-so-pravilna-ishrana-2

Прочитајте кои се шесте продукти кои помагаат при зачувување на младиот изглед.

Риба

Ако ја вклучите рибата во вашата исхрана, освен што превентивно ќе делувате на процесот на стареење, ќе го заштитите и вашето срце од разни болести. Рибата содржи омега 3 – масни киселини кои спречуваат запушување на артериите како последица на холестерол и на тој начин одржуваат нормален ритам и функционирање на срцето.

Ореви

Оревите се богати со незаситени масти кои спречуваат рак и болести на срцето. Освен тоа содржат витамини и минерали кои делуваат како антиоксиданси. Витаминот Д и Е кој го содржат се грижи за убава и сјајна коса, кожа и нокти.

Јогурт

Јогуртот содржи „добри“ бактерии кои помагаат при варењето на храната, го прочистуваат дигестивниот тракт и ги спречуваат цревните инфекции. Освен тоа, јогуртот содржи и калциум кој ги зацврстува коските и го смалува ризикот од рак на коски.

sochuvajte-ja-mladosta-so-pravilna-ishrana-3

Чоколадо

Флаванолот кого го има во чоколадото помага за нормално функционирање на крвните садови. Го спречува дијабетисот и проблемите со висок крвен притисок и ги чува бубрезите, со што го продолжува нашиот живот.

Маслиново масло

Маслиновото масло содржи полифенол, антиоксиданти и незаситени масти кои превентивно го штитат срцето од болести.

Црно вино

Соединението ресвератол кое црното вино го содржи, управува со процесот на стареење во вашето тело. Здраво е ако се консумира умерено, а истражувањата покажуваат дека тоа помага во спречување на губење на памтењето како последица на старост.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg