Јагода диета
Зголеменото внесување на јагоди ја поттикнува детоксикацијата на организмот и губење на два до три килограми за недела дена, што треба и да се очекува ако дел од храната во текот на денот се замени со ниско калорично овошје, како што се јагодите.
Јагодите би требало да се вклучат во секој оброк во текот на денот.
План на исхрана
Се препорачува денот да започне со 300 грама јагоди за појадок, а истата количина да се консумира и за десерт по ручекот. Ужината исто така вклучува порција јагоди, а за вечера се препорачува 500 грама јагоди и јогурт со намален процент на млечни маснотии пред спиење. Освен јагодите од овошје во текот на денот може да се изеде и половина банана.