7 тајни за убави и привлечни усни

Кожата на усните е потенка отколку на останатите делови од телото и не содржи лојни жлезди. Затоа усните бараат постојана и посебна нега. За да изгледате убаво, бидете внимателни при одбирањето на козметички средства и ослободете се од лошите навики.

7-tajni-za-ubavi-i-privlecni-usni

Кога се хидрирани, усните се привлечни. Кога ќе дехидрираат, се сушат и се собираат. Поради изложеноста на негативни надворешни фактори усните бараат постојана хидатација.

Вода, вода, вода

Пијте најмалку девет чаши вода за вашите усни, а и целото тело да ви биде хидрирано.

Внимателно со влажнењето со плунка

Плунката содржи ензими кои ја оштетуваат заштитната бариера на усните и кои што можат да предизвикаат нејзино сушење. Одолејте му на искушението и не ги облизнувајте усните. Оваа навика заменете ја со употреба на лабело.

Немојте да заборавите балзам за усни

При одбирањето на балзам за усни проверете дали содржи витамин Е, бадемово масло, јојоба и кокос, состоји кои ги негуваат усните. Жените со чувствителни усни треба да користат балзам кој во себе има камфор бидејќи тој штити од иритации.

Набавете навлажнувач на воздухот

Сувиот воздух не им годи на усните. За да го спречите неговото штетно дејство, набавете си навлажнувач на воздухот кој ќе ги штити вашите усни од дехидрирање.

Правете пилинг на усните

За отстранување на мртвите клетки од кожата на усните користете средства со овошни киселини. Ако имате чувствителни усни, пилинг немојте да правите повеќе од еднаш неделно. Во спротивно може да се појават иритации, болка и црвенило на усните.

Заштитете ги усните од сонцето

Усните се подложни на изгоеници од сонцето бидејќи немаат меланин, пигмент кој ја штити кожата од енгативното дејство на сончевите зраци. Затоа немојте да излегувате од дома пред да ставите на усните некој препарат со висок заштитен фактор.

Отстранете го карминот

Ако вашите усни се подолго време со кармин, постои голема можност да станат суви. Немојте да заборавите шминката да ја отстраните од лицето после одредено време. Ова не значи дека жените треба да се откажат од карминот. Кога одбираат кармин, најдобро е да се одлучат за оној кој што е богат со Витамин Е и глицерин.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg