Исхрана за побрз метаболизам
За појавата на вишок килограми скоро секогаш ја обвинуваме лошата исхрана и недоволната физичка активност. Но, постојат луѓе кои иако водат здрав живот, сепак тешко им оди со симнување на килограми.
Најчесто, причинител за ова е спор метаболизам, кој се наследува генетски, па во прилог ви нудиме неколку корисни совети со кои ќе успеете да го забрзате вашиот метаболизам, а со тоа и варењето на храната. Колку е метаболизмот побрз, толку побргу телото ги исфрла маснотиите и тешката храна од себе.
Овошје и зеленчук
Наједноставен начин да се забрза работата на метаболизмот е да се внесува повеќе овошје и зеленчук. Витамините и минералите кои ги содржат овошјето и зеленчукот се важни за телото да функционира правилно и да се штити од штетни последици. Недостатокот на минерали и витамини, резултира со губење на енергија, мала физичка активност, а со тоа и појава на вишок килограми.
Појадокот е важен
Најважно е да не го пропуштате појадокот. Тој дава енергија и прави да не се чувствуваме прегладнети во текот на денот. Житарки и овошје се одличен старт на денот, а вашето тело лесно ќе ги свари.
Житарки од јачмен, зоб, просо, пченка, кафеав ориз или пченица се одлична помош во битката со килограмите, бидејќи го смируваат желудникот, го намалуваат апетитот и брзо не заситуваат. Важно е и тоа што тие не содржат шеќер.
Пијте вода
Понатаму, за да му помогнете на телото да ги стопи маснотиите мора да внесувате големо количество вода или зелен чај – 8 до 10 шолји на ден. Избегнувајте газирани пијалоци и неприродни сокови. Кафето е дозволено, но во помали количини и без шеќер.
Вежбајте
Нормално, физичката активност и понатаму е битна. Потребно е да трошите барем еднаков број калории, колку што внесувате за маснотиите да почнат да се топат. Почнете со половина час на ден и така ќе ги зацврстите мускулите, ќе трошите повеќе калории, а метаболизмот автоматски ќе почне побрзо да работи.
Освен што ќе се чувствувате подобро, така и ќе изгледате!