Пивце за живци
Безалкохолното пиво е навистина одличен изум, земајќи во предвид дека ги има сите здрави својства на пивото, а нема штетни последици како што има алкохолот.
За да биде уште подобро има и 50 проценти помалку калории. Инаку, пивото заради големата количина квасец богато е со Витамин Б и тоа е одлично за вашите нерви и кожа.
Секако се што е премногу не чини. Така и експертите се сложуваат дека корист може да имате од една до две чаши пиво, а третата веќе ги поништува сите позитивни влијанија.
Сепак најголем дел од љубителите на алкохолното пиво никогаш не би го замениле за безалкохолно.
И, за што би се одлучиле вие? Алкохолно или безалкохолно?