Зошто Медитеранската исхрана е одлична?

Медитеранската диета може значајно да влијае на работата и моќта на мозокот, па затоа личностите кои барем шест години преферираат Медитеранска исхрана имаат поздрав начин на живот. Овој вид на исхрана посебно добро им влијае на жените и го продолжува нивниот живот.

zosto-mediteranskata-ishrana-e-odlicna-01

Погледнете зошто е добро уште денес да започнете со Медитеранска исхрана...

Деменција
Најновите истражувања на шпанските научници покажале дека Медитеранската исхрана може значајно да го подобри и да го сочува мозокот.

Дебелеење
Медитеранската диета подразбира ограничена консумација на месо, многу овошје и зеленчук, маслиново масло, морски плодови, риба и вино во мали количини. Храната често се вари, а поретко се пржи, а тоа има огромна улога во борбата против килограмите.

Паркинсонова болест
Научниците на Универзитетот во Токио откриле дека Медитеранскиот тип на исхрана може да заштити од настанување на Паркинсоновата болест. Се претпоставува дека тоа е заради благотворното дејство на состојките од кои се состои овој тип на исхрана.

Стареење
Со голем број на истражувања е докажано дека намирниците во Медитеранската храна благотворно делуваат и на кожата и го намалуваат настанокот на брчки.

Воспалувања
Консумирањето на голема количина маслиново масло, овошје и риби ги блокира одредените гени кои предизвикуваат воспаленија или оние кои може да доведат до разни болести.

Неплодност
Се смета дека заради билните масла кои изобилуваат во здравата исхрана, Медитеранската исхрана им помага на жените да забременат.

Депресија
Овој начин на исхрана успешно ја победува депресијата - и тоа дури за 30 проценти. Овој тип на исхрана дури и делува превентивно, односно штити од појавата на депресија.

Карциноми
Опширното истражување спроведено во повеќе земји покажало дека намирниците кои се составен дел од Медитеранскиот тип на исхрана ги намалуваат шансите за добивање на различни видови карциноми. Тука спаѓаат зачините, маслинките, доматот и рибата.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg