8 најздрави намирници за појадок
Ако имате дилема што да јадете наутро, еве 8 најквалитетни намирници со кои можете здраво да го започнете денот.
Јајца
Јајцата содржат 13 есенцијални хранливи елементи вклучувајќи ги и протеините. Истражувањата покажуваат дека утринскиот оброк богат со протеини не заштитува од нездравите оброци во текот на денот. Имено осум до десет грама протеини, а по можност 20 до 25 грама не само што не прават сити, туку помагаа и во создавањето на мускулната маса. Може да се подготват на безброј начини и затоа се добар избор.
Кафе
Иако премногу кафе делува на нервозата, утринското кафе е богато со антиоксиданси. Во умерени количини и без млеко и шеќер, кафето го чува срцето и заштитува од некои видови рак.
Банани
Оваа едноставна намирница е на лош глас поради содржината на голем број калории и скроб. Бананата е богата и со растителни влакна, витамин Ц и калиум, а таа комбинација помага во контролата на крвниот притисок.
Грејпфрут
Уште еден одличен извор на витамин Ц. Тие содржат и многу растителни влакна кои помагаат подолго да се чувствувате сити, а поедини студии велат дека со грејпфрутот може да се забрза слабеењето.
Шумско овошје
Полно е со антиоксиданси, витамин Ц и растителни влакна и има малку калории. Некои истражувања покажуваат дека има антиканцерогено својство, а помага и при невролошки дегенерации поврзани со стареењето.
Јогурт
Овој производ е извор на протеини кои што дава чувство на ситост и преставува одличен извор на калциум. Одберете го оној со низок процент на маснотии, а можете да додадете и шумско овошје.
Чај
Зелениот, црниот и белиот чај допринесуваат кон заштитата од одредени облици на рак, срцеви проблеми и дијабет. Пијте го без шеќер.
Зобна каша
Зобната каша е богата со растителни влакна па долго време ве прави сити, а помага и во регулацијата на холестеролот.