8 совети како да се одбраните од комарци и крлежи
Тигрестите комарци напаѓаат и преку ден и преку ноќ, нашите домашни комарци се најактивни приквечер, навечер и рано наутро. Кога се најактивни комарците, избегнувајте отворен простор и затворете ги прозорите.
Ова се совети како да се одбраните од комарците и крлежите:
1. Сите потенцијални резервоари на вода, на пример вода во саксиите за цвеќе, детските кантички, садовите со дворот и слично, истурете ги, а водата во детските базени и вазните, менувајте ги!
2. Редовно користете средства против комарци. Намачкајте ја кожата и испрскајте ја облеката, но треба да знаете дека тоа не е сто процентна заштита.
3. Кога одите во природа, облечете долги ракави, долги пантолани и чорапи.
4. Вклучете ја климата. Во подрачјата каде што има многу комарци, ставете мрежа на прозорите.
5. После прошетката во природа прегледајте го целото тело и косата. Ако видите крлеж, отстранете го со стерилна пинцета. Пребришете ја со алкохол или кратко држете ја на отворен оган. Крлежот немојте да го кинете и да го гушите со масло бидејќи тогаш ќе поврати, а таа содржина ќе влезе во вашиот организам. Крлежите фатете ги најблиску што можете до кожата, полека вртете лево, десно и повлечете. Ако не се осмелувате да го направите ова, посетете лекар.
6. Кога одите во природа, носете посветла облека, така полесно ќе ги забележите крлежите.
7. Редовно контролирајте го домашните миленичиња, кучињата и мачките.
8. Немојте да вклучувате светло кога ви е отворен прозорот.