Храна за добро расположение
Доколку ви е потребен ментален поттик веднаш упатете се во најблискиот маркет. Иако, мозокот е само 2% од телесната маса, сепак 20% од...
...eнергетските потреби на организмот му се препишуваат нему.
За подобро памтење
Напијте се кафе, но немојте да претерувате. Мали дози кофеин го успоруваат стареењето и го подобруваат краткорочното памтење. Дивите боровинки се исто така добри за долгорочно памтење, бидејќи се богати со антиоксиданти кои ја поттикнуваат активноста на мозокот.
За концентрација
Ако пред вас имате тешка и обемна задача, веднаш отидете во рибарница. Лососот и скушата се правиот избор! Богати се со омега 3 масни киселини кои се градители на ткивото на мозокот. Исто така добар извор на концентрација е и чај од нане, самиот мирис на пеперминт разбудува, фокусира и го подига нивото на концентрација.
За енергија
Совршено мени кога ви е неопходна доза на енергија е салатата. Спанаќот и другиот зеленчукот содржат големи количини Б2, пилешкото бело месо е богато со протеини, а варените јајца дополнително ќе ја зголемат вашата енергија.
За смирување
Доколку ви е потребно нешто да се смирите и опуштите пробајте со внесување на аминокиселините лисин и аргинин. Првата ќе ја најдете во јогуртот, а втората во оревите, бадемите и лешниците. Ако сте нервозни избегнувајте засладени газирани пијалоци. Во Америја е докажано дека луѓето кои пијат повеќе од 2 чаши дневно газирани сокови имаат многу поголеми шанси да се разболат од депресија.