Боровница за рамен стомак
Боровницата е онаа која што му помага на организмот да ги исфрли вишокот на маснотии, велат американските научници. Овие плави топчиња влијаат...
...на организмот на начин каде телото ја користи гликозата за создавање на енергија и го намалува нивото на холестерол, покажало истражувањето спроведено на Универзитетот во Мичиген.
Иако тестовите биле спроведени на животни, главниот и одговорен истражувач Мичел Симор тврди дека истите резултати би се постигнале и кај луѓето, ако во својата исхрана значително место и доделат на боровницата.
"Боровницата, особено кај исхраната која е сиромашна со масти, може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести. Боровниците исто така влијаат и на способноста на телото при согорување на мастите", изјавил Мичел за медиумите.
Боровницата е богата со витамините Ц и Е, и содржи антиоксиданти кои го заштитуваат организмот од дегенеративни болести.