Кардиотренинг за намалување на килограмите

Типот на тренинг треба да се одбере во зависност од целта која сакаме да ја постигнеме. Сега е вистинскиот момент да се започне со вежбање. Снежните и тмурни денови се зад нас, а енергијата во нас се зголемува.

kardiotrening-za-namaluvanje-na-kilogramite

Слабеење

Најдобар избор ако сакаме да ги намалиме килограмите се вежби за мускулни групи како што се нозете, стомакот и грбот. За успешни резултати треба да се комбинираат со кардио тренинг. Се почнува со трчање во пократки интервали, кои подоцна се продолжуваат, бидејќи ниту една вежба не согорува толку калории како трчањето. За нозете треба да се прават склекови, за стомакот – стомачни вежби и задолжително е да се вклучат неколку вежби за грбот.

Затегнување

Затегнувањето на критични делови како што е стомакот и задникот, најчесто е многу потешко отколку губењето на килограмите. Вежбите со оптеретување се одлични за затегнување на телото, а под тоа подразбираме сопствено оптеретување, како и тегови. Ако идејата за одење во теретана не ви делува привлечно, набавете си тегови и вежбајте дома.

Опуштање

После напорниот ден во канцеларија, веројатно најмногу сакате да се испружите на каучот со далечинскиот управувач во рака и една кесичка грицки. Но, вежбањето ќе ве опушти повеќе. Растегливите гуми ја зголемуваат подвижноста на `рбетниот столб и рамениците, што е особено важно кај оние кои седат по цел ден. Столицата во канцеларијата заменете ја со топка за пилатес и грбот ќе ви биде благодарен за тоа.

Подмладување

Секој кој што сака да остане фит и да се подмлади барем во физичка смисла, би требало да се придржува до основните правила. Во тренингот задолжително да ги вклучи кардиовежбите со послаб интензитет, при што пулсот нема многу да се забрзува. Пред секој тренинг треба да се посвети одредено време на раздвижувањето, а по вежабањето добро истегнување.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg