5 работи кои мора да се знаат за алкохолот и мамурлакот

За алкохолот и мамурлакот постојат низа митови, како оној „клин со клин се избива“ и слични кои во повеќето случаи се смислени за да го оправдаат порокот кои многумина си го дозволуваат од време на време.

5-raboti-koi-mora-da-se-znaat-za-alkoholot-i-mamurlakot

Но, ако сакате да се „отрезните“ од бројните нагаѓања дознајте ги 5-те вистини за капка- повеќе и за нејзините последици.

1. Може ли водата да ги ублажи последиците на мамурлакот?

Секако, една чаша вода покрај креветот ќе биде вашиот омилен сојузник после пијанството. Истражувањата покажале дека 2,5 dcl испиен алкохол од организмот исфрла дури 8 dcl вода.
Поточно алкохолот го води телото до дехидратација, затоа колку повеќе испиете вода, толку подобро. Но она што не може водата да го направи е- да ве отрезни.

2. Дали е лошо да се консумира алкохол секој ден?

Добрата вест е дека консумацијата на црно вино е пожелна. Секако умереноста е важна, не отстапувајте од чаша црно вино дневно бидејќи во спротивно би можеле да се најдете на лизгав терен. 1,75 dcl вино дневно е вистинската мерка која крие многу здравствени предности, како што е подобрување на здравјето на срцето и одржување на витка линија.

3. Дали темните алкохолни пијалаци предизвикуваат најлош мамурлак?

Темно обоените пијалаци содржат поголеми количини шеќер или нечистотии кои предизвикуваат најлош можен мамурлак за разлика од пивото и светлите алкохолни пијалаци. По прекумерна консумација на темни пијалаци избегнувајте напитоци кои содржат кофеин, а кои дополнително ја зголемуваат дехидратацијата на организмот.

4. Постојат ли ниско калорични алкохолни пијалаци?

Често пати забораваме дека еден милилитар алкохол содржи осум калории, а еден грам протеини дури дупло помалку од тоа.
Пијалаците со помал процент на алкохол во себе , логично содржат и помалку калории, затоа подобро одберете 9 процентни одошто 14 процентни алкохолни пијалаци.

5. Дали е опасно ако се мешаат алкохолните и енергетските пијалаци?

Кофеинот во енергетските пијалаци може да го прикрие влијанието на алкохолот, па така алкохолизираните луѓе се помалку свесни за тоа колку се пијани.
Освен тоа истражувањата покажале дека оваа комбинација директно влијае на неправилното отчукување на срцето, предизвикува несоница, треперење на рацете и раздразливост.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Симптоми кои укажуваат на тромб во ногата (и не треба да ги игнорирате) Прекумерната тежина, како и долгото седење го зголемуваат ризикот од тромб на но...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg