10 факти кои треба да се знаат за витамините
Постојат податоци кои мора да се знаат за витамините пред да се почне со нивно користење. Ова се 10 најосновни податоци:
Температура
Ако во фрижидерот се чуваат состојки кои содржат масла, масни киселини или пробиотика и ако витамините биде долго време изложени покрај нив, ќе бидат потполно бескорисни.
Аспирин
Луѓето кои често консумираат аспирин, со урината губат витамин Ц. Во тој случај мора да внесуваат поголеми количини витамин Ц за да го одржат нормалното ниво во крвта.
Синтетички и природни
Синтетички базираните суплементи телото полесно ги апсорбира од оние кои се направени од природни извори.
Б12 предности
Можеби сакате да земате витамин Б12, а да не јадете многу месо. Тој помага во заштитата на нервниот систем и главно го има во производите од животинско потекло. Вегетаријанците дефинитивно треба да земат витамин Б12 бидејќи тој што се наоѓа во намирниците од растително потекло не може да му користи на телото.
Количина
Иако витамините се добри за вас не значи дека треба да ги земате во големи количинипр. Витамин Ц или магнезиум во големи количини може да предизвикаат дијареа. Други витамини може да доведат до оштетување на црниот дроб.
Железо
Ако земате мултивитамини кои содржат железо бидете внимателни со количината која ја внесувате. Кај трудниците може да предизвика мачнина, а кај оние кои се анемични може да дојде до оптоварување на организмот. Вишокот на железо може да биде штетно за црниот дроб, срцето, панкреасот, особено кај мажите.
Комбинирање
Витамините А, Д, Е и К треба да се земаат со храна која има малку масти во себе. Тоа ќе му помогне на телото максимално да ги користи.
Апсорпција
Некои лекови делуваат на апсорпцијата или ги оштетуваат витамините кои се наоѓаат во телото. Ако се земаат лекови на рецепт, треба да се праша лекарот или фармацевтот дали постојат некои витамини кои не би требало да се внесуваат додека се земаат лековите.
Етикета
Она што го пишува на етикетата не прецизира што точно има во содржината. Самостојно истражувајте и тестирајте ги прехрамбените производи и видете дали се подобни за употреба.
Исхрана
Имајте на ум дека витамините не се полиса за осигурување. Многумина не обрнуваат внимание на тоа што јадат, ако внесуваат витамини во вид на апчиња, треба да знаат дека тоа не може да биде потполна замена за намирниците кои природно обезбедуваат асортиман на витамини и минерали.