Пет здрави пролетни грицки

Нема потреба постојано да си забранувате да каснете нешто помеѓу оброците. Но, не прејадувајте се со мрсни или вештачки засладени производи кои повеќе ќе ви го отворат апетитот отколку што ќе ве заситат.

pet-zdravi-proletni-gricki-01

Одлучете се за неколку брзи и здрави грицки кои е многу поедноставно да ги подготвите во домашни услови. Ова се нашите пет предлози:

1. Почестете се со мини сендвичиња – Интегралниот леб или кифличките исечкајте ги на мали парченца и пропрскајте ги со маслиново масло и сок од лимон. Надробете сирење, исечкајте свеж зеленчук и од горе ставете малку димен лосос или пилешко.

pet-zdravi-proletni-gricki-02

2. Чипсот заменете го со здрави грицки – Бадеми, кикирики, индиски ореви, лешници... сè што ќе посакате е поздраво отколку чипсот.

3. Зеленчукот знае да здодее, но не ако го потпечете на скара - Ако не сакате свежи зеленчуци, исецкајте ги на ситни парченца, потопете ги во маслиново масло и сок од лимон и ставете ги во рерна. Печете ги 15 минути на температура од 180 степени, а потоа извадете ги и додадете им малку сусам.

pet-zdravi-proletni-gricki-03

4. Не заборавајте го вашето омилено овошје – Наполнете една чинија со банани, киви, јагоди, малини и што и да посакате. Не се вадете со реченицата „Заборавам да купам“.

5. Сувото овошје е исто толку здраво колку свежото - Измешајте си лешници, бадеми, суво грозје, смокви и брусници и наполнете се со витамини додека ги грицкате.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg