Ова се знаците за зависност од секс
Кај повеќето луѓе сексот има позитивно влијание врз квалитетот на животот. Но, за жал не е така со оние мажи и жени кои се зависници од секс. Како и секоја друга зависност и оваа негативно делува на животот на зависникот и на неговите најблиски.
Сексуалната зависност подразбира сексуално однесување кое значително влијае на нормалниот живот. Некои истражувања покажале дека зависниците од секс често пати се личности кои во детството биле физички, сексуално и емоционално злоупотребувани.
Ова се знаците кои може да укажуваат на сексуална зависност:
- Интензивна мастурбација
- Повеќекратни изневерувања
- Промискуитет
- Редовно консумирање на порнографија
- Секс без заштита
- Сексуална анорексија
- Повеќекратни или анонимни партнери
- Телефонски, cybersex
- Склоност кон еротски масажи, ескорт, проститутки
- Проституција
Иако зависниците од секс се свесни за негативните последици од своето однесување, обично не се во можност тоа да го контролираат без соодветна професионална помош.