Одлични причини поради кои треба да спиете голи

Десет проценти од американците спијат без облека. Иако на прв поглед делува чудно, спиењето без облека е многу здраво и тоа поради следниве причини:

odlicni-pricini-poradi-koi-treba-da-spiete-goli

Здравјето на гениталиите

Спиењето без пижами може да биде здраво кога се во прашање интимните делови на телото. На подрачјето на вагината се создаваат бактерии, а топлото опкружување може да предизвика нивно прекумерно размножување. Еден од едноставните начни тоа да се спречи е подрачјето редовно да се проветрува, а спиењето без облека е еден од најдобрите начини тоа да се направи.

Подобро се спие

За добар сон неопходно е да се биде во што постудено опкружување. Температурата на телото паѓа за време на спиењето, што е сосема природна тенденција, а ако сте облечени во пижами и покриени со дебел покривач, тој процес може да го смените. Ако спиете голи, на телото му овозможувате да ја одржува природната температура.

Ќе бидете секси

Ако за време на ноќта ви е претопло, се попречува ослободувањето на мелатонинот и хормонот на растот, а тие се двата главни хормони во телото кои ги намалуваат знаците на стареењето. Кога температурата на телото ќе опадне, хормонот на растот се ослободува и создава, буквално регенеративна магија, поради што кожата и косата изгледаат сјајно и здраво.

Ќе имате поквалитетен секс

Спиењето без облека позитивно делува на љубовните врски. Имено, кога се потпирате на кожата од партнерот се зголемува нивото на хормони, како што е окситоцинот, а тој го поттикнува галењето и страста.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg