11 факти за млекото кои не сте ги знаеле
Вистина е дека млекото е добро за здравјето и организмот, но што всушност крие оваа бела течност?
Ви ги претставуваме 11те факти за млекото кои сигурно досега не сте ги знаеле.
1. Млекото содржи соматски клетки, кои се всушност крвни клетки кои се борат против инфекции.
2. 345 стисоци се потребни за да се наполнат четири литри млеко.
3. Млекото се состои од 85 до 95 проценти вода. Остатокот се белковини, шеќер, масти, витамини и други хранливи материи.
4. Протеините во млекото содржат аминокиселини многу важни за нормалното функционирање на човечкиот организам.
5. Млекото може да биде доста штетно, доколку на неговото пакување пишува дека е користен HGH хормон за количинско поголемо произведување на млекото.
6. Антибиотиците и лактозата не се поднесуваат. Затоа, оставете го сладоледот, јогуртот или млекото додека консумирате антибиотици.
7. Полномасното млеко е поздраво отколку млекото со намалена масленост. За некое чудо, полномасното млеко покажало дека е поделотворно кога станува збор за намалување на тежината.
8. Млечната маст разубавува. Одлична е за косата, ја зацврстува и го враќа природниот сјај.
9. Ако видите знак или текст кој означува дека млекото поминало низ ултра висока температура заради пастеризација, знајте дека тоа изгубило околу 60 проценти од хранливите материи.
10. Млечните крави добиваат додаток од житарици, покрај стандардната исхрана, за квалитетот и хранливоста на млекото да биде поголемо.
11. Не сте приморани да го пиете млекото. Доколку не уживате во вкусот на млекото, практикувајте ги сирењата, кашкавалите и павлаките. Тие се исто толку богати со лактоза колку и млекото.