Бакнувањето е здраво, еве зошто!

Бакнежите се најприродниот начин некому да му искажете љубов, но тие се и лековити. Еве неколку причини поради кои бакнувањето е добро за физичкото и менталното здравје.

baknuvanjeto-e-zdravo-eve-zosto

Го подобрува имунитетот
Честите бакнежи се еден од начините да го зајакнете имунитетот.

Согоруваат калории
Една минута бакнување согорува две до шест калории. Ако изедете чоколадо или испиете половина чаша вино ќе мора да се бакнувате најмалку еден час. Навистина долго трае, но убаво е.

Ја зајакнува мускулатурата на лицето
Истражувањата покажале дека кога се бакнувате употребувате 30 мускули. Бакнежите ја затегнуваат кожата на лицето, особено мускулите на образите кои сигурно нема да ви „паднат“ како што ќе стареете.

Бакнежите релаксираат
Бакнежите го ослободуваат окситоцинот, хормон на задоволството, нежноста и приврзаноста. Исто така предизвикува лачење на ендорфини, хормон кој уште се нарекува хормон на приврзаноста, а по својот состав е сличен со морфинот. Тоа значи дека кога сме заљубени можеме да се однесуваме слично како да сме под влијание на некои опијати.

Страсните бакнежи му помагаат на оралното здравје
Страсните бакнежи предизвикуваат проток на плунка која помага устата, забите и непцата да бидат здрави. Додатната течност помага да се отстранат честичките храна во забите а при тоа се стимулира и имуниот систем.

Би можело да ве интересира:

Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
„40 дена пиев само сок од портокал и не јадев ништо - се чувствувам многу поздраво“ Жена од Австралија која 40 дена не консумирала ништо освен сок од портокал, вели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg