Излечете ја главоболката на природен начин

Ако повеќе лековите против главоболка не ви дејствуваат или пак едноставно сакате да ја излечите главоболката на природен начин, постојат неколку мали трикови со кои можете да го остварите тоа.

izlecete-ja-glavobolkata-na-priroden-nacin-01

Можеби не сите ќе ви делуваат смирувачки, меѓутоа вреди да се обидете.

Следниот пат кога ќе добиете неподнослива главоболка, испробајте еден од овие совети за да си помогнете на природен начин.

1. Испијте голема чаша вода. Дехидрацијата е една од најчестите причинители за главоболка.

2. Испијте шолја чај од лаванда, засладен со мед. Но, чајот пијте го со лажица, исто како да јадете супа.

3. Изедете една јаболка, неизлупена и гризете ја наместо да ја сечете.

4. Подгответе си топла супа која ќе ја зачините со магдонос, рузмарин, риган, малку каранфилче и повеќе пипер. Јадете ја колку што можете потопла. Зачините и топлината ќе ви помогнат ако главоболката произлегува од проблеми со синусите.

5. Испијте едно шишенце Кока-кола. Ова е најефикасен лек доколку при рака немате друго решение.

6. Масирајте го челото и слепоочниците со масло од ментол.

7. Храната зачинете ја со лути сосови, ако сте љубители на лутото.

8. Џвакајте гума, колку што може полута.

9. Рибиното масло ја намалува болката, па затоа ако го пиете секојдневно може да ги изретчите главоболките.

10. Магнезиумот е витамин кој помага во случај на мигрена.

11. Пресечете една лимета на половина, и со едната половина масирајте го челото.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg