Страшните ефекти од зависност од метамфетамин
Метамфетаминот спаѓа во категоријата на психоактивни дроги. При користење во мали дози може да предизвика зголемено ниво на будност, концентрација и енергија, а при користење во големи дози може да предизвика маничност, придружена со еуфорија и зголемено либидо.
Кои се ефектите на оваа дрога?
Кожа
Појава на акни и ранички - најчесто како резултат на халуцинација на лазење бубачки под кожата.
Мускулатура и дебелина на лицето
Метамфетаминот го намалува апетитот и овозможува да се поминат подолги периоди без јадење. Како резултат на ова, со текот на времето телото почнува да го троши мускулното ткиво, а крајниот ефект е издлабен израз на лицето.
Заби и непца
Како резултат на хемикалиите на дрогата доаѓа до тешки оштетувања на забите и непцата.
Пребрзо стареење
Сите штетни ефекти на дрогата резултираат со драстичен постар изглед на лицето од реалната возраст.
Погледнете ги фотографиите за визуелна презентација на ефектите од оваа дрога: