9 трикови со кои ќе ги потрошите „викенд“ калориите

Во морето трикови со чија помош ќе се обидете да го залажете организмот сè со цел да внесете што е можно помалку калории, постојат само малку кои навистина ќе бидат ефикасни.

9-trikovi-so-koi-ke-gi-potrosite-vikend-kaloriite

Бидејќи викендот е време кога најмногу се јаде од досада, токму тогаш ни треба тактика да се залажеме себеси.

Прочитајте, насмејте се, одмавнете со раката, па размислете за нив повторно. Вреди да се проба!

1. Јадете кикирики и `фстаци во лушпа

Кикириките и `фстаците се грицки на кои тешко ќе им одолееме, па кога ќе нè фати глад, најдобро е да посегнеме по оние во лушпа.

Истражувањето покажало дека луѓето кои што уживаат во тие грицки два пати во седмицата, помалку се склони кон дебелеење од оние кои ги избегнуваат. Бидете мудри и јадете кикирики и `фстаци во лушпа, ќе изедете 50 проценти помала количина, а ќе го имате истото чувство на ситост и ќе бидете задоволни.

2. Девојки, дозволете си вечерен маникир

По вечерата дозволете си маникир и потоа нанесете лак за нокти. Тоа ќе ве спречи да ги пикнете рацете во кесичката со чипс или да посегнете по некоја друга посластица и така да внесете повеќе калории во организмот.

3. Сечете ја храната на мали парчиња

Порцијата храна на чинијата исечкајте ја на мали парчиња. Така ќе се излажете себеси бидејќи ќе мислите дека има повеќе. Откако ќе го довршите оброкот ќе се чувствувате најадено.

4. Во менито внесете семки од лен

Здрави се, ќе ви го забрзаат варењето и богати се со омега 3 масни киселини. Сомелените семки ставете ги во јогурт, или додајте ги во чинијата со житарици за појадок. Одлични се и во густа супа од зеленчук или во сендвич.

5. Носете фармерки

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Висконсин покажало дека луѓето кои на работа доаѓаат во фармерки, дневно прават 491 чекор повеќе од оние кои се облечени во класични панталони, или сукњи. Вреди да се проба!

6. Измијте ги забите веднаш по оброкот

Ако употреите четкичка и паста за заби, веднаш по обокот, полесно ќе им одолеете на грицките, а вкусот на ментол во устата ќе ви го намали чувството на глад.

7. Оддалечете се од храната

На разни дружења или забави на кои се служи храна обидете се да се оддалечите од масата со храна. Ако стоите веднаш до масата, ќе ја користите секоја можност за да грицнете нешто, во спротивно ќе им се препуштите на разговорите. Далеку од очи, далеку од уста!

8. Користете соодветни садови за дозирање на храната

Сигурно имате такви во кујната, па користете ги бидејќи така ќе добиете вистинска слика за количината на намирници која ја внесувате во органзимот.

9. Наместо по чипс, посегнете по телефонот

Кога ќе ве фати депресија посегнете по телефонот и зборувајте со некој пријател/ка. Тоа ќе се покаже како многу одобар потег од пустошењето на кујнскиот елемент во кој ги чувате колачите и грицките.

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg