Што правиме додека спиеме?
Сонот е исклучително важен за здравјето, како физичко така и психичко, но се повеќе луѓе патат од пореметување на сонот заради стресот кој го носи модерниот начин на живот.
Научниците кои работат на проучување на овие пореметувања секојдневно се среќаваат со чудни појави кои му пречат на сонот.
Една од овие појави е синдромот на експлозија во главата кој се манифестира баш така како што звучи – со гласна експлозија која ја слушаме во главата кога тонеме во сон. Некои, овие звуци ги опишуваат како удар на гром или испукан куршум. Звукот не предизвикува болка, но дава силно чувство на страв. Проблемот може да се појавува со години, па лекарите препорачуваат лесни средства за смирување.
Праќањето СМС пораки спаѓа во новите пореметувања, а како честа појава е се она што го прават луѓето во текот на денот.
Ноќното јадење е уште едно пореметување на новите генерации и е закана за здравјето. Освен што се губи квалитетот на сонот, се качуваат и килограми.
Сексомнијата е многу почеста отколку што си мислиме. Но, и овде постојат екстреми кои понекогаш водат и до насилен секс. Лекарите сепак велат дека станува збор за инстинкт кај луѓето и дека постои можност да сте потполно несвесни во овие моменти.
Сепак, најчесто пореметување е опструктивната апнеја, т.е. престанок на дишење во текот на сонот. Во екстремни случаи ова може да се случи и до 80 пати во текот на ноќта, и утрото да се разбудите поуморни отколку што сте биле кога сте си легнале.