За цврст задник доволна е оваа вежба!

Соодветна замена за начинот на живот кој подразбира многу малку движење е и применувањeто на вежби дома.

za-cvrst-zadnik-dovolna-e-ovaa-vezba-1

Со помош на популарниот реквизит, пилатес топка, лесно може да се прават вежби кои ќе го зацврснат задникот, но и многу поважни мускули од карлицата.

Оваа едноставна вежба со пилатес топка на вашето тело остава непосреден ефект и додека само едноставно го подигате и спуштате телото сите мускули на задникот и долниот дел од грбот се во погон при што истовремено ја зајакнувате силата и издржливоста.

Прв чекор

za-cvrst-zadnik-dovolna-e-ovaa-vezba-2

Легнете на рамна и тврда површина со рамениците цврсто припиени на подот, нозете држете ги право истегнати на топката и не ги свиткувајте во колената.

Втор чекор

 

za-cvrst-zadnik-dovolna-e-ovaa-vezba-3

Стегнете ги мускулите и подигнете се од тлото ослонувајќи се со нозете на топката и со рацете испружени покрај телото. Ќе почувствувате напнатост во долниот дел од грбот при што и вашите стомачни мускули ќе го одработат својот дел. Задржете ја таа положба 10 до 15 секунди.

Трет чекор

 

za-cvrst-zadnik-dovolna-e-ovaa-vezba-4

Задржувајќи го задникот подигнат свиткајте ги колената и приближете ја топката кон себе се додека стопалата не бидат со целата површина на топката.

Истегнете ги нозете и вратете се во почетната позиција. Вежбата повторете ја во серии до пет пати.

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Проблеми со менталното здравје и уште 5 скриени причини за болка во грбот Недоволната физичка активност може да предизвика болка во грбот, но знаевте ли д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg