Смејте се – ништо не ве чини, а ќе бидете попривлечни и поздрави

Истражувањата покажале дека луѓето кои повеќе се смеат живеат подолго, повеќе заработуваат, а другите повеќе им веруваат.

smejte-se-nisto-ne-ve-cini-a-ke-bidete-poprivlecni-i-pozdravi

Оние кои искрено се смеат така им праќаат порака на другите дека можат да им се доверат и да соработуваат со нив. Исто така, оние кои повеќе се насмевнуваат другите ги доживуваат како великодушни и поотворени.

Жените кои не ја симнуваат насмевката од своето лице им се попривлечни на мажите, а насмеаните луѓе подобро поминуваат во животот за разлика од намуртените.

Насмевката може да ве извади и од најнепријатните ситуации. На луѓето фатени при кршење на некои правила кога реагираат со насмевка може „да им се прогледа низ прсти“.

Економистите утврдиле дека насмевката има и парична вредност – насмеаните келнери добиваат поголема напојница.

Тајна магнетска привлечност
Женската насмевка има речиси волшебна моќ кај мажите. Во истражувањето околу 20% мажи би и пришле на жена која ги гледа право во очи, но ако при тоа се насмевнува, а дури 60% од нив би посакале да ја запознаат.

Смеењето е заразно
На туѓото смеење луѓето често реагираат со насмевка, а истражувањата покажале дека тоа се случува во 50% од случаите. За разлика од тоа, малку кој на муртењето ќе возврати со муртење.

Насмеаните живеат седум години подолго
Насмевката го продолжува животот. Стручњаците ги проучувале фотографиите на спортистите и дошле до заклучок дека насмеаните ги надживеале колегите за седум години.

Помага и кога не е смешно
Ако ви се случи нешто лошо, подобро ќе се чувствувате ако се насмеете, дури и со сила. Но, внимавајте – на другите луѓе тоа ќе им биде чудно па нема убаво да ве гледаат.

Со насмевка е се појасно
Кога се под стрес на луѓето може да им се„блокира мозокот“. Но, ако се насмеете, мозокот тоа може да го протолкува како да сте релаксирани и опуштени што ја подобрува концентрацијата и овозможува да дојдете до нови идеи.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg