5 трикови за подобро расположение
За успешно да го победите лошото расположение кое го носи тмурното есенско време, применете ги овие едноставни трикови кои ќе ви ја поткренат енергијата, ќе ви го разбудат органзимот и ќе ви дадат елан.
Истегнете се допрете го небото
Станете, погледнете во таванот и истегнете ги рацете ширејќи ги прстите. Ова е едноставен начин да ја поттикнете циркулацијата и да го распоредите кислородот во сите крвни клетки. И не заборавете ја насмевката која ги придвижува хемиските процеси во мозокот за добро расположение, вели Кимберли Вилис, автор на книгата „Техники со чија помош ќе останете тенки и витални“.
Бидете фантазери
Денот е забрзан и стресен, а вие копнеете за релаксирачки одмор на плажа. Фантазирајте и отидете веднаш таму. „Вашиот мозок реагира на ист начин кога замислува идеален одмор на плажа како да е навистина таму“ вели Џорџ Прат, автор „Закон на радоста“. Затоа затворете ги очите и насочете се на мирисите, вкусовите и глетките на егзотичните места на кои за миг сте побегнале.
Ужини богати со јаглени хидрати
За да се зголеми серотонинот кој делува смирувачки на мозокот, јадете ужини богати со јаглени хидрати. Затоа пробајте здрави овесни каши со овошје, или џем и веднаш „ќе добиете крилја“.
Облечете нешто светло
- Заменете ја темната есенска гардероба со посветли нијанси, или збогатете ги црните и сивите кошули со детали во боја, советува Џенифер Баумгартнер, психолог и автор на книгата „Вие сте она што го носите“.
Светлите нијанси на црвена, розова и жолта боја најдобро го стимулираат мозокот.
Пробајте со акупресура
Брз начин да го победите лошото расположение е акупресурата. Фатете ја кожата помеѓу палецот и показалецот и нежно масирајте со кружни движења една минута. Потоа повторете го тоа и со другата рака. Акупресурата помага при осолбодувањето на тензијата во вашето тело.