5 позитивни ефекти од бакнувањето
Покрај тоа што предизвикува појава на пеперутки во стомакот и помага да се поврземе со друга личност, бакнежот значително го подобрува здравјето и го зајакнува имунитетот.
Несомнено е дека бакнувањето причинува големо задоволство, но тоа е корисно и за нашиот организам. За неговото лековито дејство сведочат изјавите на стручњаците.
- Додека се бакнувате, вашиот мозок ослободува допамин, кој ја поттикнува страста и чувството на блискост со партнерот. Супстанците кои ги има во бакнежот предизвикуваат физичко и емоционално задоволство. Нè прави здрави и го подобрува имунитетот – рекол доктор Jil Varnado, основачот на "Get Checked 4 Life" непрофитна организација која се залага за давање здравствени услуги на луѓето во ризични средини.
Ова се петте користи од бакнувањето:
1. Ја чува белината на забите – бакнежот не може да ја замени четката за заби, но бакнувањето го намалува плакот на забите, додека со истовремено стимулирање на лачењето на плунка ги отстранува бактериите и ја спречува појавата на кариес.
- Бакнувањето е природен процес на чистење. Плунката ја чисти устата и ги отстранува честичките од храна по оброкот – истакнува Хејди Хаусур, портпарол на Академијата за општа стоматологија. Минералите во плунката помагаат за повторна изградба на површината на забите и го спречуваат нивното оштетување. Бакнувањето ги прави забите поблескави и здрави.
2. Го одржува младоликиот изглед – ако почесто се бакнувате можете да му кажете збогум на ботоксот, или фејслифтингот. Секс терапевтот Ава Кадел истакнала дека бакнувањето прави фејслифтинг.
- Додека се бакнуваме се придвижуваат 30 мускули на лицето што ја одржува нивната виталност – нагласила Кадел. Со исто мислење е и Лорел Хаус, автор на книгата "QuickieChick’s Cheat Sheet to Life, Love, Food, Fitness, Fashion and Finance — on a Less-Than-Fabulous Budge".
- Како што вежбањето во теретана ги одржува мускулите на телото, така и движењето на мускулите на лицето г подобрува нивниот тонус при што се намалуваат знаците на стареење- рекла докторката Лорел.
3. Го забрзува метаболизмот – додека се бакнуваме чувствуваме дека срцето забрзано чука, но тоа не е само лично чувство, навистина е така.
- Срцевиот ритам е брз, ослободува адреналин и други неуротрансмитери во крвта, а зголемувањето на адреналинот го забрзува метаболизмот и ги согорува калориите - изјавил доктор Варнадо. Една минута бакнување согорува од 2 до 5 калории.
4. Го зајакнува имунитетот – размената на плунка значи и размена на бактерии. Додека сме изложени на бактериите од другата личност, нашето тело создава одбрана од нив и така се зајакнува нашиот имунитет и нè прави посилни во борбата против болести.
5. Го намалува нивото на стрес на кој сме изложени – бакнежот во организмот го ослободува природниот антидепресив, окситоцин. Доктор Џошуа Гизерцки, основач и директор на "Vitality Logix Internal Medicine" издвоил дека оваа супстанца води до подобар секс и оргазам. И додека се намалува стресот, бакнежот истовремено го намалува производството на кортизол и нивото на холестерол во нашето тело.