6 трикови за здрав живот и полесно станување наутро
Имате проблем со станување во раните утрински часови? Тешко ви е да се разбудите и да почнете со своите дневни активности? Постојат неколку начини кои ќе ви помогнат полесно да го освоите утрото.
Избегнувајте прејадување
Важно е да јадете здраво за да имате доволно енергија. Немојте да консумирате брза храна, пред спиење и воопшто, ниту да земате преголеми оброци и да заборавите да ја контролирате тежината.
Внесувајте протеини
Протеините помагаат вашиот стомак и мозок да се чувствуваат добро, да бидете сити и да не посегнувате по ќесичка чипс. Во неодамнешната студија, волонтерите чија дневна потрошувачка на протеини паднала под 15 проценти од нивните вкупни калории, биле многу погладни и земале повеќе грицки во текот на денот. Поради тоа добивале плус два килограми за еден месец. Тврдо варените јајца и јогуртот се голем извор на протеини и одличен избор за појадок.
Темното чоколадо и будењето
Да, добро прочитавте, темното чоколадо има идеална количина теобромин кој може да ве разбуди, а не предизвикува хроничен умор. Тоа содржи и антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и го подобрува расположението.
Пијте кафе
Нема потреба да се откажувате од кафето или да чувствувате вина поради консумирањето на овој напиток наутро. Неодамнешните истражувања покажале дека кафето го намалува ризикот од појава на рак на кожата за 20 проценти, мозочен удар за 25 проценти и рак на простата за дури 60 проценти. Пијте црно кафе со малку млеко за да ги намалите калориите.
Не легнувајте доцна
Ноќните птици, половина од спиењето го поминуваат после 5 и 30 наутро, јадат повеќе брза храна, имаат поголем индекс на телесна тежина. Еден од најлесните начини тоа да го смените е секојдневно да легнувате во исто време и во исто време да се будите, по можност порано завршувајте со своите дневни обврски.
Јадете нешто крцкаво
Крцкавите немирници ја активираат работата на вилиците, ги будат мускулите на вашето лице, а вие станувате поактивни. Јаболкото го има истиот ефект и обезбедува доволна количина на растителни влакна.