Костените ги топат килограмите и ја убиваат анемијата

Иако спаѓа во категоријата на суво овошје, костенот не е високо калоричен како останатото овошје. Околу 100 грама костени имаат околу 200 калории, а преставуваат нутритивно високо вреден и заситен оброк.

kostenite-gi-topat-kilogramite-i-ja-ubivaat-anemijata

Есенските денови пристигнаа, а со нив и костените – ако внимавате на линијата, јадете ги печени и варени, но и како пире од костени со ниско калоричен шлаг.

Костенот е исклучително богат со скроб (полисахарид со виск квалитет) – го има околу 45% - и поради тоа има голем енергетски капацитет и добро се вари (добро го варат дури и оние кои инаку имаат проблеми со варењето). Значи, ако внимавате на линијата јадете костени затоа што ќе ја добиете неопходната количина енергија од лесно сварливата и нутритивно вредната намирница.

Костенот е сиромашен со масти и на 100 грама има околу 200 калории (на пример истата количина ореви има повеќе од дупло калории – околу 500). Всушност поради големата количина на скроб составот на костените е сличен со составот на житариците!

Поради големиот процент на скроб, протеини, витамини и минерални соли во својот состав, како и поради малата содржина на масти, костенот преставува вредна намирница. Нутриционистите поради тоа го препорачуваат  во исхраната особено за време на диета. Костенот ги надоместува истрошените енергетски залихи во телото, овозможува сигурен внес на висококвалитетни минерали, дава сила и потребна цврстина на мускулите, го зајакнува имунитетот и делотворен е во борбата против анемијата.

Костенот е особено делотворен против анемијата бидејќи е одличен извор на железо, а бидејќи лесно се вари, им се препорачува на оние кои страдаат од гастроинтестинални заболувања.

Јадете ли често костени?

Би можело да ве интересира:

Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg