Откријте ги слабите точки на вашето здравје со помош на косата

Слабите точки ба вашето здравје можете да ги откриете и со помош на бојата на вашата коса.Имено, гените кои што го создаваат пигментот на косата регулираат и други процеси во телото, а влијаат и на ризикот од различни заболувања.

otkrijte-gi-slabite-tocki-na-vaseto-zdravje-so-pomos-na-kosata-1

Оние со костенлива коса би требало да престанат да пушат

Меланинот кој и дава костенлива боја на косата ја забавува работата на црниот дроб. Тоа за отежнува разградбата на никотинот, па оние кои што имаат костенлива коса се почувствителни на дејството на никотинот, а така се зголемува и ризикот од развивање на зависност. Костенливата коса почесто се губи во однос на останатите, бидејќи има најмалку влакна на главата, но тоа може да се спречи ако во организмот се внесува 18 милиграми железо секој ден.

otkrijte-gi-slabite-tocki-na-vaseto-zdravje-so-pomos-na-kosata-2

Гените се виновни зошто црвенокосите лошо го поднесуваат стресот

Црвенокосите се почесто загрижени бидејќи истите гени кои што го контролираат меланинот и и даваат боја на косата, делуваат на тоа како телото да се справува со стресот. Тие се поотпорни на локална анестезија, на пример онаа што се користи во стоматологијата, па може да им биде потребна и до 20 проценти поголема доза. Црвенокосите имаат 50 проценти поголем ризик да заболат од Паркинсонова болест, а истражувањата покажале дека земањето на 400 милиграми фолна киселина на ден може значително да го намали овој ризик. Прерано побелената коса упатува на разни здравствени проблеми, но најчесто на недостаток на витамин Б12, како и проблеми со работата на штитната жлезда.

otkrijte-gi-slabite-tocki-na-vaseto-zdravje-so-pomos-na-kosata-3

На оние со руса коса им треба многу зеленчук со зелена боја

Русата коса покажува дека е можен ризик од заболување на очите кој може да предизвика губење на видот. Затоа ним им се препорачува зеленчук богат со лутеин која го спречува тоа заболување, односно би требало да кадат многу кељ, спанаќ и грашок. Исто така луѓето со руса коса обично имаат најмногу коса па тешко оќелавуваат, но мора да внимаваат на својата кожа поради ризикот од рак на кожа.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg