Тест: Дали зависите од расположението на другите луѓе?
Сите ние во поголема, или помала мера можеме да почувствуваме што чувствуваат другите луѓе и како се расположени. Меѓутоа, има и такви кои имаат особена дарба за тоа.
Проверете во која група спаѓате вие!
1. Се расплакувате кога гледате чувствителни филмски сцени, или кога некој пред вас плаче.
2. Непозната личност ви се насмевнува и вие после тоа сте подобро расположени.
3. Ако луѓето покрај вас се напнати и вие автоматски сте под стрес.
4. Кога ќе ви се приближи личност која ви се допаѓа, целото тело ви реагира.
5. Обрнувате внимание не само на она што се зборува, туку и на тонот.
6. Кога луѓето во вашето присуство се расправаат и викаат, тоа вам ви пречи.
7. Лошо се чувствувате ако некој пред вас зборува за смрт на блиска личност.
8. И преку телефон одлично го чувствувате расположението на соговорникот.
9. Се разнежувате кога ќе видите како жена го гушка своето бебе.
10. Ве иритира кога некој нервозно шета по собата во која се наоѓате.
11. Ако денот убаво ви почнал, разговорот со некоја весела и позитивна личност дополнително ќе ви го подигне расположението.
12. Ви годи да слушате како шефот му вика на некој колега.
Резултати :
Соберете ги поените на следниот начин:
- Никогаш: 1 поен
- Ретко: 2 поени
- Понекогаш: 3 поени
- Често: 4 поени
- Секогаш: 5 поени
42–60 поени
Иако понекогаш успевате да ја почувствувате границата помеѓу своите и туѓите емоции, треба повеќе да поработите на тоа да се дистанцирате од туѓите чувства. Насочете се кон своите чувства. Ако ви успее тоа, ќе бидете повеќе расположени.
28–41 поени
Главно умеете да балансирате. Во повеќето случаи сте во состојба да бидете во емотивна рамнотежа. Сочувствувате со луѓето, но не во мерка која вам би ви наштетила. Не ве преплавуваат туѓите грижи.
12–27 поени
Туѓите проблеми и потреби, многу не ве загрижуваат. Насочени сте кон себе, па не обрнувате внимание на другите. Тоа сепак не е добро бидејќи води кон изолација и осаменост.