Симптоми на стомачен вирус, колку долго трае и кога да посетите доктор?
Ако имате бебе, однесете го на лекар доколку:
- Повраќа често
- Има сува уста или плаче без солзи
- Изгледа многу поспано и изморено
- Не уринирало повеќе од шест часа
- Има дијареја или крвава столица
Како се лекува стомачниот вирус?
Генерално, нашиот имунитет самиот се справува со вирусот, а за ова се потребни неколку дена.
Симптомите, како дијареја, иако се непријатни, се всушност знак дека имунитетот се справува со вирусот.
Немојте никако да пиете антибиотици ако имате стомачен вирус бидејќи овие лекови се за бактериски, а не за вирусни инфекции.
Најдобро е да одмарате додека да поминат симптомите и да не излегувате.
Пробајте да внесете барем малку храна во текот на денот и пијте доволно течности. Само, немојте да пиете одеднаш, туку по голтка-две.
Ако ви е тешко да пиете вода, можете да ставите коцка мраз во устата.
Кога станува збор за храна, јадете намирници кои се полесни за дигестија.
Односно, избегнувајте мрсна храна, кофеин и млечни производи бидејќи можат да ви ги влошат симптомите.
Препорачливо е да си направите и супа – солта во неа ќе ви помогне да ги внесете електролитите кои можеби сте ги изгубиле поради дијарејата и повраќањето.
Ако симптомите не се подобрат по три-четири дена, тогаш најдобро е да одите на лекар кој ќе ви каже како да го продолжите лекувањето.
Кои се ризичните фактори и можете ли да се заштитите?
Секој може да се зарази од стомачен вирус, без разлика на возраст или пол.
Сепак, постојат луѓе кои се во ризични групи:
- Мали деца кои одат во градинка или училиште каде што е лесно да се заразат
- Постари луѓе, особено ако се во дом за стари лица
- Ученици и студенти кои престојуваат во студентски домови каде што вирусот лесно може да се пренесува
- Луѓе со ослабен имунитет од ХИВ/СИДА, хемотерапија или друга медицинска состојба
Можете да го намалите ризикот од зараза со неколку правила за лична хигиена:
- Редовно мијте ги рацете
- Ако во домот има некој со стомачен вирус, дезинфицирајте ги површините што ги допира, приборот што го користи и слично
- Ако забележувате симптоми, не излегувајте за да не ги заразите другите луѓе
Спирова С. | Црнобело