Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката?
Оние кои имале ишијас ќе ви кажат дека во животот не почувствувале полоша и посилна болка. Но, важно е да знаете дека иако болката од оваа појава е парализирачка за некои луѓе, во повеќето случаи не претставува сериозна закана по здравјето и само треба да издржите додека да помине.
Ишијасот претставува болка која се појавува од половината надолу и во едната нога.
Оваа болка може да биде многу силна, па и парализирачка за некои луѓе, а уште полошо е што може да трае од четири до шест недели.
Во некои случаи, болката станува и хронична.
Што треба да знаете за ишијасот?
Зошто се јавува ишијас и кој е изложен на поголем ризик?
Ишијасот не е болест сама по себе, туку е симптом, односно болка, трнење и слабост во едната нога.
Оваа болка се јавува кога има притисок или оштетување на таканаречениот ишијадичен нерв.
Овој нерв почнува на долниот дел од грбот и се спушта надолу во двете нозе.
Нервот е одговорен за контролирање на мускулите на задниот дел од коленото и долниот дел од ногата.
Поради ова, болката се чувствува во овој дел од телото.
Дел од најчестите причини за појава на ишијас се:
- Проблеми со ’рбетот, како дискус хернија и спинална стеноза
- Повреда или скршеница на карлицата
- Тумори
Не мора да значи дека ишијасот е знак за нешто сериозно, без разлика што болката е интензивна.
Постојат и други причини за негова појава и затоа е најдобро да се консултирате со лекар.
Дел од ризичните фактори за појава на ишијас:
Возраст – некои проблеми со ’рбетот се почести кај повозрасните;
Дебелина – вишокот килограми создаваат притисок на ’рбетот;
Работно место – луѓето со работни места кои бараат кревање тешки предмети и слично го зголемуваат ризикот;
Седење – луѓето кои седат поголемиот дел од времето и ретко се движат е поверојатно да се соочат со ишијас;
Дијабетес – болеста го зголемува ризикот од оштетување на нервите.
Кои се симптомите?
Веќе спомнавме дека ишијасот е болка во едната нога.
Додека кај некои луѓе болката е блага, за други може да биде парализирачка.
Најчесто болката е во едната нога, но може да се почувствува и на горниот дел од друга нога или колковите.
Во ногата што ве боли може да чувствувате и слабост, а да ви биде отежнато и одењето.
На почетокот болката може да биде блага, но да се засили во следните ситуации:
- По седнување или станување
- Во одредени периоди од денот, како навечер
- Кога кивате, кашлате, се смеете
- Кога се напрегате (како кога одите во тоалет) или го задржувате воздухот