Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката?
Кога да одите на лекар?
Штом ќе ја почувствувате болката, веднаш одете на лекар.
По првата посета, најверојатно ќе нема потреба да се враќате во ординација, освен во следните ситуации:
- Имате треска
- Забележувате црвенило или оток на грбот
- Болката се проширува подеднакво на двете нозе
- Печење за време на уринирање или крв во урината
- Чувствувате болка која значително се влошува навечер
- Не можете да го контролирате мочниот меур
Како се лекува?
Како што веќе спомнавме, бидејќи ишијасот е симптом, вашиот лекар ќе проба да ја утврди причината, па ќе го лекува тој проблем.
Во некои случаи, нема потреба од никаков третман, освен да чекате симптомот да исчезне.
Обично лекарите препорачуваат да се почека симптомот да се повлече сам, бидејќи најчесто се случува токму тоа. Во повеќето случаи, болката се повлекува од четири до шест недели.
Можно е да добиете лекови за намалување на болката, како и да ви препорачаат да користите топли или ладни облоги.
Во првите неколку денови е препорачливо да мирувате, но не и постојано да лежете. Во некои случаи лекарот може да ви препорача физикална терапија.
Останатиот третман зависи од причината за ишијасот.
Во најлоши, и ретки случаи, се прави и операција за да се намали притисокот на нервите.
Може ли да се спречи?
Дури и ако водите навистина здрав живот, можно е да се соочите со ишијас.
Исто така, некогаш се случува и ишијасот да се врати.
Но, можете да направите некои промени во секојдневието со кои ќе го зајакнете грбот и ќе го намалите ризикот од ишијас:
Вежбајте редовно. За да го зајакнете грбот, фокусирајте се на мускулите во стомакот и задниот дел од грбот. И вашиот лекар може да ви препорача соодветни вежби.
Седите исправени. Ако работите во канцеларија, користете стол со добра потпора на грбот. Можете да ставите и перниче на долниот дел.
Правилно користете го телото. Ако, на пример, треба да кренете нешто тешко, кревајте ја тежината со нозете, а не со грбот. Немојте да го виткате грбот кога кревате нешто тешко и најдобро е секогаш да побарате помош за кревање.
Спирова С. | Црнобело