Паркинсонова болест - симптоми, лекување и како да живеете со неа?

Терапија за Паркинсонова болест

Лек за Паркинсонова болест не постои.

Сепак, одредени лекови и други методи можат да помогнат при некои симптоми. 

Вежбањето многу помага при оваа болест. Физикалната терапија и говорната терапија може да помогнат при проблеми со рамнотежа, одење, голтање, јадење, додека операцијата е опција за некои пациенти.

Лековите се главна компонента во третманот на Паркинсоновата болест.

Некои лекови помагаат нервните клетки да создаваат допамин, ги поддржуваат ефектите на допаминот врз мозокот, ги блокираат ензимите кои го уништуваат допаминот и ублажуваат некои од симптомите на Паркинсонова болест.

parkinsonova-bolest-simptomi-lekuvanje-i-kako-da-ziveete-so-nea-05.jpg

Витамини за Паркинсонова болест

Витаминските и минералните суплементи се познати како алатка која генерално помага во целокупното здравје и благосостојба и го зајакнува имунолошкиот систем кој нѐ штити од болести. 

Не постојат додатоци за кои е докажано дека го забавуваат развојот на Паркинсоновата болест, но научниците истражуваат некои од нив за да видат како тие влијаат на болеста. 

Меѓу нив се и коензимот Q10, креатинот, куркуминот, витамините Ц и Е. 

Сепак, пред да земете каков било препарат, задолжително консултирајте се со вашиот лекар поради можни несакани ефекти.

parkinsonova-bolest-simptomi-lekuvanje-i-kako-da-ziveete-so-nea-06.jpg

Бања како лек за Паркинсонова болест

Во некои бањи, има и терапија за Паркинсонова болест. 

Имено, се верува дека лековитата вода во бањите помага при многу невролошки заболувања, меѓу кои и Паркинсоновата болест. 

parkinsonova-bolest-simptomi-lekuvanje-i-kako-da-ziveete-so-nea-07.jpg

Вежби за Паркинсонова болест

Вежбањето се покажа како добар сојузник во борбата против Паркинсоновата болест.

Аеробикот, движењето, возењето велосипед, трчањето, водените активности ја стимулираат работата на кардиореспираторниот систем, односно на белите дробови и срцето. 

Аеробик најмалку три дена во неделата по 30-40 минути може да ја забави прогресијата на Паркинсоновата болест.

Тренинг за сила - со сопствената тежина или со справи ќе ја зајакнете мускулната маса.

Тренингот за сила треба да се прави двапати неделно, прво со помал број повторувања и оптоварување. Зајакнувањето на мускулите ќе го подобри вашето држење.

Тренинг за флексибилност - истегнувањето двапати неделно може да помогне во зајакнувањето на телото, особено истегнувањето на поголема група мускули по 30 до 60 секунди.

Тренинг за рамнотежа - овој тренинг обично ги комбинира претходните три типа на вежбање. Најчесто се препорачува танц, голф, бокс без контакт, вежби во вода, таи чи, јога, пилатес.

parkinsonova-bolest-simptomi-lekuvanje-i-kako-da-ziveete-so-nea-08.jpg

Дали Паркинсоновата болест е фаталана?

Паркинсоновата болест е тешко заболување кое го отежнува секојдневното фунционирање. Но, не е како срцевиот и мозочниот удар од кои може веднаш да се почине.

Дури и со правилно третирање на оваа болет може и со децении да се живее. Но, од друга страна пак, оваа болест може да го зголеми ризикот за појава на болести од кои може да се почине.

Сепа, заклучокот кога станува збор за Паркинсонова болест е дека со неа се умира, но не од неа.

parkinsonova-bolest-simptomi-lekuvanje-i-kako-da-ziveete-so-nea-09.jpg

С. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg