Солариумот забранет за под 18
Пролетта е на прагот, а многу девојки се припремаат за топлите денови и лесна гардероба на тој начин што одат во солариум не земајќи ги во предвид...
...предупредувањата за штетноста на УВ зраците.
Убедени дека подобро ќе изгледаат ако малклу се исончаат, девојките, а богами и машките голем дел од своите пари ги трошат на солариум.
Меѓутоа, кабинетот на германскиот канцелар Меркел го усвоил нацрт законот кој предвидува забрана за одење на солариум на лица помлади од 18 години, поради зголемениот ризик за добивање на рак на кожа.
Законодавецот предвидува и казни за оние салони кои нема да го почитуваат овој закон и ќе примаат лица под 18 години. А казните баш и не се мали односно достигнуваат и до 50.000 евра.
Па, зарем закони треба да се донесуваат за да сфатиме дека некои работи се едноставно штетни за нашето здравје?