„Имам 23 години, а првиот паничен напад го добив на 13 - што правам во таква ситуација?“
„Мојот прв паничен напад го имав на 13 години. Анксиозни епизоди добивам насекаде, може да биде еднаш на две седмици или пак секоја ноќ во текот на една цела седмица. Најчесто чувствувам како моето срце чука забрзано, рацете ми омлитавуваат...“, ја започнува својата исповед Лив Нортон (23) од Велика Британија.
Класичните техники за справување со анксиозност веќе на сите им се добропознати: правилно дишење, престој во природа и медитација.
Но, по анксиозна епизода во животот и паничен напад, понекогаш не знаеме што да направиме следно.
Психологот Тара Квин Сирило од Велика Британија вели:
„Ако сте доживеале паничен напад, понекогаш можно е да има некакви чувства на вина и срам зошто воопшто сте имале напад или па срам и вина околу начинот на кој сте се справиле со него.
Внимавајте на појавата на вакви мисли и секогаш признајте си ги, наместо да се трудите да ги игнорирате. Колку повеќе се борите да ги притиснете, толку поголеми и помоќни стануваат овие негативни мисли и емоции.
Зборувајте како се чувствувате и нормализирајте го ова искуство, не сте сами, многу луѓе минуваат низ истото.
И, се разбира, ако постојано се соочувате со анксиозност и панични напади, обратете се кај професионалец и побарајте помош“.
Една жена од Велика Британија отворено проговори за британскиот медиум Metro за начинот на кој таа се справува со ваквите ситуации.
Исповедта на Лив Нортон (23):
„Мојот прв паничен напад го имав на 13 години. Анксиозни епизоди добивам насекаде, може да биде еднаш на две седмици или пак секоја ноќ во текот на една цела седмица.
Најчесто чувствувам како моето срце чука забрзано, рацете ми омлитавуваат, се чувствувам истоштено и како да немам контрола врз ништо.
Првата работа која ја правам е тоа што се потсетувам дека ќе помине и ова, само е прашање на време. Еднаш прочитав дека треба да „се извозиш“ на бранот на анксиозноста и се пронајдов во тоа, така ми е полесно и не чувствувам срам.
Зависно со кој сум, им кажувам на луѓето како се чувствувам и знам дека саканите би направиле сè за да се чувствувам подобро. Луѓето најчесто се среќни ако можат да помогнат.
Исто така, излегувам на свеж воздух, пешачам, трчам или само си седам на клупа.
И често се потсетувам себеси дека тоа за што сум анксиозна може им е смешно на другите, но за мене е од сосема легитимни причини“.
Прочитајте и Детално упатство за паничните напади, од личното искуство на 32-годишен Македонец
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com