Сувата кожа е се почест проблем! Суви, задебелени, груби и перутави делови се само дел од надворешните појави и први симптоми дека имаме проблем со сувост на кожата. Стресот, внатрешните фактори дополнително доведуваат до намалена количина на вода и маснотии на површината на кожата, и до нарушување на нејзините функции. Во сувата кожа полесно навлегуваат алергени и микроорганизми кои дополнително ја влошуваат состојбата и водат до поголема сувост и затегнатост, перутање, чешање, па дури и појава на црвенило, односно воспаление на одредени места. Сите овие промени, создаваат постојан или периодичен јадеж, кој видно вознемирува!