Денеска во прекрасниот амбиент на Park Hotel&Spa се одржа промоција на новитетите од светски познатите германски козметички линии на essence и Catrice makeup за кои компанијата Саманта доо стана официјален застапник за македонскиот пазар. Новите козметички колекции пролет – лето 2019 од овие два препознатливи бренда беа презентирани пред 100на дами од јавниот живот меѓу кои беа присутни: модните дизајнерки Тања Кокев и Лидија Георгиева, топ моделите Катарина Ивановска, Марјана Станојковска, Маја Сашек, Снежана Сани Богдановска, како и голем дел од преставничките на медиумите...