Уживањето на сонце е нешто што ни е потребно, и кое позитивно влијае врз нашето тело. Сепак, прекумерната изложеност е главната причина за таканареченото фотостареење или предвремено стареење на кожата предизвикано од УВ зраците. Покрај нашето лице, изложени на сончевите зраци се и нашето деколте, рацете, рамената и вратот, на кои неретко и избегнуваме да нанесеме заштитен фактор. Една од причините за тоа во секојдневниот живот, е лепливоста и дамките кои овие производи ги оставаат на телото и на гардеробата.