Сувата кожа е проблем што го имаат многумина. Кај дел од луѓето се појавува и атопичен дерматитис кој се манифестира како црвенило и воспаление на кожата.Се проценува дека околу 15 до 20 проценти од населението е склоно кон развивање на ваквата состојба на кожата. Тоа е последица како на надворешни (егзогени), така и на внатрешни (ендогени) фактори. Уште полошо е што ваквата појава делува негативно на психата,а луѓето со атопичен дерматитис се чувствуваат непривлечни и се затвораат во себе...