Секоја жена посакува да биде атрактивна, да има мазно лице и да блеска со убавина. Меѓутоа, поради годините и надворешните фактори кожата се опушта, а на лицето се губи сјајот и се појавуваат брчки. Иако најчесто се забележуваат во повозрасните години, научните истражувања покажаа дека и помлади жени имаат проблем со брчките, особено оние кои директно се изложени на сонце.