Нема човек кој не ужива во пролетните сончеви денови. Вообичаено сакаме да седнеме и уживаме на отворено, додека нежните сончеви зраци ја галат нашата кожа. Сонцето го подобрува нашето расположение, ја подобрува циркулацијата, метаболизмот на нашето тело, продукцијата на витаминот Д, но ги поттикнува и одбранбените механизми на нашата кожа кон УВ-те зраци. Го планираме јунскиот одмор, со цел да ги искористите останатите денови од годишниот одмор. Целото семејство е возбудено, и се радува на деновите покрај море, езеро или пак на планина...