„Престанав да ја мијам косата 2 седмици“ - што се случи? (фото)
Во втората седмица мојата коса почна да мириса непријатно и се чувствував како пештерски човек. Лепеше и имаше мирис на некое старо сирење. Ја врзував во опавче и ставав огромен цвет како моден додаток за да го одвлече вниманието од тоа колку беше ужасна.
Текстурата на косата ми стана како да е константно влажна, иако на неа не ставав никаква вода. Скалпот ужасно ме чешаше и беше премасен.
Во последните неколку дена од експериментот ми беше тотално непријатно. Веќе не се гледав со пријателите ниту на видео повици затоа што се срамев од тоа како изгледам. Ја врзував во пунџа и веќе не се ни трудев да ја стилизирам.
Бев среќна што ја одморив косата од константното миење и од дејството на шампонот, но две седмици беа предолго.
Кога дојде 15-от ден едвај дочекав да ја измијам и 15 минути без престан го триев скалпот со шампон. Косата потоа ми изгледаше екстра чиста.
Минав уште 5 дена без да ја мијам и ја набљудував. Сфатив дека станала поцврста и дека побавно ми се мрси. Експериментот дури ја подобри и состојбата на моите испукани врвови.
Мислам дека 2-те седмици пауза од миење беа најдоброто што можев да го сторам за мојата коса. Сега ја мијам на 4/5 дена.“
С. С. | Црнобело