7 застарени трендови за шминкање што одземаат многу време + поедноставна алтернатива
Помалку маскара
Нема потреба да се обидувате да добиете бујни трепки со неколку слоеви маскара.
Сосем доволно е да нанесете еден слој, колку да ги истакнете трепките, и тоа само на горниот капак. Вака вашите очи ќе изгледаат многу поприродно.
Туш со разни бои, наместо црн
Наместо да нанесувате сенка во некоја боја, па потоа туш, нанесете само туш со интересна боја.
На овој начин ќе завршите многу побрзо со шминкањето, а ќе изгледате одлично.
Малку сенка, наместо комплексни техники со неколку бои
За да ги нагласите очите нема потреба да мешате неколку сенки и да пробувате секакви комплицирани техники.
Доволно е да одберете една боја, која можете да ја нанесете на целиот капак. Најдоброто кај овој начин на шминкање е што не ви треба никаков талент.
Спирова С. | Црнобело