10 работи на кои треба да внимавате кога ставате црвен кармин - за да не изгледате смешно
Кога се двоумите за вашата шминка, никогаш нема да погрешите со црвен кармин.
Црвениот кармин е како симбол за женственост и елеганција, а можете да го носите во секоја прилика, со речиси секоја модна комбинација.
Сепак, постојат неколку работи што треба да ги земете предвид секојпат кога нанесувате црвен кармин:
Одберете ја нијансата што најмногу одговара на вашиот тен
Ако имате светла кожа, најдобро ќе ви стои кармин со нијанса како на малина. Доколку вашата кожа е потемна, одлично ќе ви стојат црвено-портокаловите нијанси.
Мешајте ги нијансите
Слободно комбинирајте ги кармините што ги имате дома, и од нив направете нова црвена нијанса.
Одберете мат кармин
Кога купувате црвен кармин, најдобро е да одберете мат. Сјајните кармини се трошат многу побрзо, но и за кратко ќе се избришат од усните.
Не ја заборавајте ексфолијацијата
Како што го подготвувате лицето за шминка, истото треба да го правите и со усните. Можете да направите едноставен домашен пилинг – измешајте малку шеќер и маслиново масло, втријте ја смесата на усните, исплакнете, а потоа нанесете лабело или какво било средство за хидратација.
Внимателно исцртајте ги усните со моливче
Пред да ставите кармин, внимателно исцртајте ги усните со моливче со иста боја. На овој начин, карминот ќе трае подолго.