Мали гради, широки колкови: 10 карактеристики кои жените ги сметаат за мани, а мажите ги сакаат
Диоптерски очила
Во средно училиште девојките се срамат ако треба да носат диоптерски очила и понекогаш дури се исмевани поради тоа, но комплексот исчезнува кога стануваат возрасни жени и очилата им стануваат омилен моден додток.
Многу мажи сметаат дека девојките со очила се кул и дека очилата прават впечаток дека станува збор за паметна личност. Тие ги сметаат очилата за секси.
„Несредена“ фризура
Жените често губат многу време на совршено стилизирање на косата, но мажите всушност го сакаат тој мал неред, за нив таа мала „негрижа“ за косата е всушност атрактивна.
Ненашминкано лице
Жените често нанесуваат многу шминка за да бидат убави, но мажите всушност не сакаат таков неприроден изглед со силни кармини и сенки на учите.
Мажите сметаат дека колку поприродно, толку подобро. Не сакаат пластичен изглед, можеби само минимално нанесување на природна шминка.
Дијастема
Жените се опседнати со совршена нереално бела холивудска насмевка беа ниту една мана. Но, понекогаш токму несовршеноста на забите прави одредена насмевка уникатна и убава.
Таков е случајот со дијастемата, просторот меѓу предните заби, за кој многу мажи сметаат дека е уникатен и секси.
Природни трепки
Жените се опседнати со ставање на вештачки трепки и процедури за згуснување на своите трепки, но мажите не сакаат вештачки трепки.
Им изгледаат неприродно и сметаат дека природните трепки само со маскара изгледаат многу подобро.
С. С. | Црнобело