Мали гради, широки колкови: 10 карактеристики кои жените ги сметаат за мани, а мажите ги сакаат
Пеги, стомаче, дијастема, очила, низок раст се дел од работите кои некои жени ги мразат кај себе, но мажите всушност ги обожаваат.
Жените се многу самокритични, па секогаш си наоѓаат некоја мана.
Кратки нозе, вишок килограми, недоволно тенки или дебели веѓи, тие секогаш пронаоѓаат нешто што не им се допаѓа во нивниот изглед.
Карактеристики кои жените ги сметаат за мани, а мажите ги сакаат:
Широки колкови
Многу години се веруваше дека широките колкови треба да се сокријат со облеката и дека жените треба да имаат тенки тела како моделите од магазините.
Но, во изминативе неколку години ситуацијата се промени и да се има широки колкови е гордост.
Плус, мажите ја обожаваат формата на песочен часовник. Широките колкови ги сметаат за женствени и секси.
Пеги
Некои жени сметаат дека пегите се на некој начин мани на кожата и сакаат да се ослободат од нив по секоја цена, но други сметаат дека пегите се убави и на некој начин се природен накит на нивното лице.
Многу мажи велат дека ги сакаат пегите на женското лице, особено кога се во комбинација со црвена коса и зелени очи. Тие сметаат дека пегите ги прават жените повпечатливи.
Мало стомаче
Многу жени вежбаат пренапорно за да имаат стомачни мускули, но во реалноста на многу мажи не им пречи малото стомаче кај жените, дури им е атрактивно.
Ваквото стомаче е невидливо под облеката, се гледа само кога ќе се соблечете. Се смета за знак за женственост.
Бакнувањето на стомачето е интимна и сензуална работа како што е бакнувањето на вратот, сметаат некои мажи.
Мали гради
Многу жени веруваат дека колку им се поголеми градите, толку ќе бидат поатрактивни за посилниот пол, но изненадувачки реалноста е поинаква.
Многу мажи велат дека сакаат жени со пропорционална фигура и дека малите гради се убави и изгледаат добро естетски.
Низок раст
Ниските девојки имаат комплекс поради висината и често се зависни од високите потпетици, но мажите сметаат дека вистината не е важна, а многу често дури обожаваат пониски девојки затоа што им изгледаат нежно и женствено кога ќе ги прегрнат.
Малите девојки се слатки и на мажите привлечно им е кога треба да им подадат нешто од полицата.