7 причини зошто вашата коса се мрси многу често
Пречесто ја чешлате и допирате косата
Кога ја допирате косата, на неа ги пренесувате сите масти и бактерии од вашите дланки.
Истовремено, и претераното чешлање не е добро и ви прави повеќе штета отколку што ви помага. Честото чешлање ги разнесува мастите низ целата коса и го намалува нејзиниот волумен.
Што да правите?
Најдете начин да се одвикнете од допирањето на косата, особено ако тоа го правите потсвесно. Притоа, најдобро е да ја чешлате косата не повеќе од двапати дневно, и тоа со чист чешел или четка.
Изложени сте на премногу стрес
Стресот го поттикнува лачењето на хормонот кортизол. Овој хормон, пак, го поттикнува лачењето на масти, па ако редовно сте изложени на стрес, тоа може да се одрази и на вашата коса.
Што да правите?
Во овој случај морате да поработите на вашиот животен стил и вашите навики. Најдете начин да се справите со стресот и тоа не само поради вашата коса, туку и поради менталното здравје.
Пречесто ја миете косата
Можеби звучи чудно, но секој фризер ќе ви каже дека колку почесто ја миете косата, толку почесто ќе се мрси.
На нашиот скалп има илјадници бактерии кои го одржуваат здравјето на кожата. Кога пречесто ја миете кожата, ја нарушувате нивната рамнотежа, а како резултат на скалпот се лачат повеќе масти.
Што да правите?
Постепено почнувајте да ја миете косата поретко. Ако сте ја миеле секој ден, сега почнете да ја миете преку еден, па потоа преку два.
Ако живеете во помал град или во село, можете поретко да ја миете косата бидејќи воздухот е почист. Доколку живеете во поголем град, поради надворешните влијанија ќе треба да ја миете косата почесто. Воглавно, експертите препорачуваат дека миењето двапати неделно е сосема доволно.
Едноставно, таков ви е организмот
Некои типови коса полесно се мрсат за разлика од други. На пример, луѓето со права коса почесто имаат проблем со мрсна коса, за разлика од луѓето со виткана.
Што да правите?
Доколку проблемот со мрсната коса ви претставува сериозен проблем, најдоброто решение е да одите на лекар. Понекогаш причината за честото мастење на косата можат да бидат други проблеми, како хормонална нерамнотежа.
Без разлика која е причината кај вас, вашиот лекар ќе може да ви помогне, но не мора тоа да го правите панично, сепак е поредок случај.
Спирова С. | Црнобело