7 причини зошто вашата коса се мрси многу често
Како што кожата лачи масти на лицето, истото се случува и на скалпот. Задачата на овие масти е да ја заштитат косата од надворешните влијанија и да ја навлажнат.
Сепак, понекогаш лачењето е прекумерно, па само еден ден после миење, вашата коса изгледа мрсно и безживотно.
Постојат неколку причини за ова и има решение за речиси секоја.
Погледнете зошто вашата коса се мрси често и што да правите во врска со тоа:
Постојано ја носите косата во опавче
Опавчето е одличен избор кога немате време за правење фризури или кога косата ви е премногу мрсна за да ја носите пуштена.
Но, кога косата е собрана во опавче, на корените се акумулираат уште повеќе масти и само ја влошуваат состојбата. Притоа, ако нанесете и некој продукт за да го прицврстите опавчето, косата ќе изгледа уште помрсна.
Што да правите?
Носете ја косата пуштена секогаш кога можете, не претерувајте со продуктите за коса и избегнувајте ги фризурите кои бараат премногу чешлање и допирање на косата.
Не ја плакнете косата со студена вода
Туширањето со жешка вода е одличен начин да ги отворите порите и да ги отстраните нечистотиите. Но, истовремено, жешката вода може да ја оштети косата.
Бидејќи целосно ги отстранува природните масти, жешката вода ја суши кожата на скалпот. Ова, пак, може да резултира со првут и зголемено лачење масти.
Што да правите?
Ако преферирате да се туширате со жешка вода, подобро користете ја пред да нанесете шампон или регенератор. На крај исплакнете ја косата со студена/млака вода за да ги затворите сите пори и да го намалите лачењето масти.
Купувате погрешни продукти за коса
Многу луѓе купуваат погрешни продукти за коса. На пример, шампоните за сува коса можат да ѝ додадат заштитен слој на косата, па ако веќе имате мрсна коса, таа ќе изгледа уште помрсно.
Што да правите?
Ако имате сува коса но мрсен скалп, можете да пробате да користите кокосово масло. Ова масло ја храни косата, без притоа да го зголеми лачењето на масти. Доколку не сте сигурни кој шампон е најдобар за вас, вашиот фризер ќе може да ви помогне.